10 нови идеи и рецепти како да послужите лубеница
Лубеница - овошјето кое е синоним за лето и разладување во жешките денови.
Освежителна и сочна, таа е идеален десерт, појадок или вечера за деновите кога ништо не ви се јаде од што ви е топло.
Но, кој рече дека таа се служи само исечена на парчиња?
Станете мајстор за послужување лубеница:
1. Сорбет во кора од лубеница
Внатрешноста на лубеницата иситнете ја во блендер, додадете малку лимонов сок и шеќер по желба и замрзнете ја смесата. Откако ќе се формираат гранули и ќе заличи на сладолед, наполнете ја кората со неа.
2. Лубеница на скара
3. Стапчиња лубеница, послужени со слатка павлака или шлаг
4. Срциња од лубеница
5. Сок од лубеница
Изгмечете малку лубеница, прелијте со минерална вода (обична или со вкус на лимон) и потоа додадете уште 8-10 мали коцки лубеница. Оладете пред послужување.
6. Чашки за шотови од лубеница
За забавите со пријателите лубеницата послужете ја на овој начин - со калап извадете парчиња лубеница со висина од околу 10-тина сантиметри, а потоа издлабете ги со мала лажичка. Наполнете со вотка и на здравје!
7. Лубеница торта
Исчистете ја кората без да ја сечете внатрешноста, премачкајте ја добиената „торта“ со шлаг, сечкани бадеми, ставете овошје по желба и сечете.
8. Желатин во кора од лубеница
9. Салата од лубеница со фета сирење, послужена во самата кора
10. Сендвичи од лубеница, во средината со џем по желба
М. Д. | Црнобело