5 рецепти со јаготки од кои ќе излижете прсти

Јаготките се првата асоцијација дека летото ни е на самиот праг, па сега е периодот кога можете да ги пронајдете на секое ќоше, во секоја продавничка.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-01.jpg

Нема ништо повкусно од сочните, црвени јаготки кои се топат во уста.

Во комбинација со чоколадо, крем и тесто, можете да направите фантастични специјалитети за кои сите ќе ви бараат рецепт.

Јаготки со ф’стаци и чоколадо

Состојки:

  • 200g јаготки
  • 100g црно чоколадо
  • Половина шолја ситно сечкани или мелени ф’стаци

Подготовка:

Стопете го чоколадото во мал сад. Јаготките измијте ги, исчистете ги и добро исушете ги. Потопете ги повеќе од половина во чоколадо, а потоа извалкајте ги во ф’стаците. Наредете на хартија за печење во тава и ладете барем 1 час.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-1.jpg

Сорбет од јагоди

Состојки:

  • 500g свежи јагоди
  • ¼ шолја шеќер
  • 100g сок од портокал

Подготовка:

Иситнете го шеќерот во блендер, па постепено додавајте ги јагодите. На крајот додадете го сокот од портокал. Смесата добро изладете ја и послужете го сорбетот како топки сладолед, декориран со нане.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-2.jpg

Јагоди полнети со Орео

Состојки:

  • 8 Орео колачиња
  • 30g крем сирење
  • 8 големи јагоди
  • 100g црно чоколадо

Подготовка:

Измелете ги Орео колачињата и измешајте ги со крем сирењето додека не добиете густа паста. Јагодите издлабете ги, па наполнете ги со смесата. Врвот каде што се гледа смесата мацнете го во стопено чоколадо. По желба, проросете уште малку измелени Орео колачиња или јаткасти плодови по желба.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-3.jpg

Француски тост со јагоди и Нутела

Состојки:

  • 6 парчиња бел леб за тост
  • 1/2 шолја ситно сечкани јагоди
  • ½ шолја Нутела
  • ¼ шолја шеќер во прав
  • Малку путер
  • 1 јајце
  • 2 лажички млеко

Подготовка:

Измешајте го јајцето со млекото. Парчињата леб добро стиснете ги со сукало и исечете им ја корката. Намачкајте со Нутела, ставете јагоди и замотајте ги како палачинки. Зацврстете со чепкалки. Извалкајте ги во јајцето со млеко и пржете неколку минути додека не поруменат, а Нутелата не почне да се топи. Сервирајте со неколку свежи јагоди и проросете со шеќер во прав.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-4.jpg

Алкохолен коктел од џин и јаготки

Состојки за 1 чаша:

  • ½ лажичка шеќер
  • ¼ лајм
  • 3 свежи јагоди, 2 исчистени и ситно исечкани, 1 за украс
  • 50ml џин
  • Кисела вода со вкус по желба
  • Свежо нане

Подготовка:

Во висока чаша измешајте ги 2-те ситно сечкани јагоди со шеќерот и врз нив исцедете го лајмот. Почекајте неколку минути да се растопи шеќерот, измешајте, па истурете го џинот. На крајот додајте ја киселата вода и декорирајте со преостанатата јаготка и свежото нане.

5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омилениот сладолед на Дуа Липа е хит на ТикТок – ванила со маслиново масло и сол Го пробавте ли новиот кулинарски тренд? Комбинацијата за сладолед по рецепт на Д...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Рецепт за домашен сос за скара - совршен за месо, но и за сендвичи Овој сос може да го користите за јадења со месо, како пилешки крилца, свинско ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg