Полнети печурки на кои нема да им одолеете
Печурките се еден од производите кои според многумина се одлични во секоја можна комбинација.
Ако на ова ја додадеме и одличната смеса од мелено месо и крем сирење сигурно сте добиле полн погодок.
Овој рецепт покрај одличниот вкус може да се пофали и со својот одличен изглед па може да ви се најде во многу прилики.
Потребни состојки:
- 24 печурки
- 2 лажици путер
- 225g мелено месо
- 1 помал кромид исчекан на коцки
- 2 лажици младо сирење
- ½ лажичка ворчестер сос
- 1 лажичка кечап
- 1 лажичка сенф
- 3 парчиња кашкавал исечени на мали квадрати
- 4-5 шери домати, исечкани
- марула
- сол и бибер
Подготовка:
1. Исчистете ги печурките и отстранете ги дршките. Исечете ги дршките и оставете ги настрана. Ставете го путерот во тава и и пропржете ги печурките на двете страни по околу 2-3 минути.
2. Загрејте ја рерната на 180°C. Во тавата во која ги пржевте печурките пропржете го меленото месо и кромидот, додавајќи ги исечените дршки од печурките на крај за да омекнат. Потоа додадете го младото сирење. Зачинете со ворчестер сос, кечап, сенф, сол и пипер.
3. Наполнете ја секоја печурка со подготвената смеса и печете 10 минути. Извадете ги печурките од рерната и прекријте ја секоја печурка со парче кашкавал. Печете уште 10 минути или додека кашкавалот не се стопи.
4. Послужете со сечкана марула и парче шери домат на врвот.
Cheeseburger Stuffed MushroomsMini Cheeseburger Stuffed MushroomsFull recipe: http://taste.md/1OY4kFA
Posted by Tastemade on Friday, March 11, 2016
М. С. | Црнобело