Колач за 15 минути: Чоколадна бомба
Подгответе се за дупла доза чоколадо. Предноста на овој колач е што делува сочно и вкусно, а можат да го направат и почетници во кујната.
Може да го послужите додека е уште топол или добро оладен, изборот е ваш. Во секој случај, почоколадно нешто не сте пробале.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 1 кесичка прашок за печиво
- 125g путер
- 130g шеќер
- 80ml слатка павлака
- 180ml млеко
- 30g какао во прав
- 260g брашно
- 180g чоколадо за готвење
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво во голем стаклен сад, а потоа додадете го шеќерот. Додадете го и какаото и растопениот путер во смесата.
Искршете ги двете јајца, ставете го млекото и мешајте додека не добиете густа смеса како за мафини.
Смесата претурете ја во огноотпорен сад премачкан со масло или путер. Печете 7-8 минути на средна температура.
Колачот проверете го со чепкалка. Ако тестото уште се лепи, вратете го и допечете уште 5-7 минути.
Оладениот колач превртете го на плитка чинија целосен, како што е.
Чоколадото истопете го заедно со хоплата додека не добиете еднолична смеса.
Прелијте го колачот со чоколадната глазура и декорирајте по желба.
Сечете поголеми парчиња и уживајте во чоколадната бомба.