Рецепт на денот: Брзи штрудли со јаболка
Овој фантастичен есенски десерт е лесен за подготовка, а ќе имате можност да уживате во слаткиот вкус и аромата на јаболката.
Потребни состојки:
- 230g готово тесто
- 2 големи јаболка излупени
- 110g путер
- 1 ½ шолја шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка цимет
- 230ml Спрајт
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
На тавата нанесете малку масло за да не се залепи тестото.
Исечкајте ги јаболката на 8 еднакви делови –ќе добиете 16 парчиња од двете јаболка.
Тестото одвојте го на 16 делови како триаголници. На краевите на триаголниците ставете ги парчињата јаболка. Ролајте ги триаголниците додека целосно не ги препокриете парчињата јаболка и наредете ги во тавата.
Стопете го путерот и во него ставете ги шеќерот, екстрактот од ванила, циметот – добро мешајте додека смесата не се соедини. Нанесете ја на малите готови штрудли.
Потоа додадете го спрајтот.
Печете ги штрудлите на температура од 180 степени, 35 – 40 минути додека штрудлите не добијат златна боја.