Тесто готово за 10 минути: За меки кифлички и погачи од кои ќе замириса цела куќа
Печивата кои имаат подеднакво прекрасен вкус како што и мирисаат, се оброк или мезе на кое никој не може да одолее.
Токму затоа ви предлагаме да го пробате овој едноставен рецепт за вкусни кифлички, дури и кога ќе бидете во брзање и нема да имате многу време.
Потребни состојки:
- 4 шолји од 2dl брашно
- 2 лажици шеќер
- ½ лажица сол
- 2 лажици масло од сончоглед
- 500ml млеко
- 11g сув квасец
Подготовка:
Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.
Потоа лесно размесете, направете облик по желба - пирошки, лепче, кифли...
Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.
Послужете со главно јадење, салати, сосови...
Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото: