Предлог ручек: Сочни шпагети - Карбонара
Пастата е вид на храна со најмногу варијации и различни рецепти. Карбонарата е рецепт на паста кој е од Рим, се базира на јајца, пармезан, сланина и црн пипер. Лесен е за подготовка и има одличен вкус.
Потребно време: 25 минути
Подготовка: 15 минути
Готвење: 10 минути
Потребни состојки:
- 1 пакетче шпагети
- 2 кафени лажички маслиново масло
- 500 грама сланина, ситно сечкана на коцки
- 4 чешниња лук, истолчени
- 2 јајца
- 1 шолја рендан пармезан или пекорино кашкавал
- бибер
Подготовка: За 4 до 6 порции
Додека се варат шпагетите подготвувајте го сосот за потоа шпагетите да се топли и готови кога сосот ќе биде готов. Многу е важно пастата да е топла кога се додаваат јајцата за да се спојат како што е потребно.
Земете поширок сад и наполнете го со вода и сол. Оставете ја водата да зоврие и потоа додадете ги шпагетите да се варат од 8 до 10 минути. Исцедете ги добро шпагетите, но зачувајте дел од водата во која се вареле, ќе ви треба за подоцна.
Додека се варат шпагетите на тивок оган, на маслиново масло почнете да ја пржите сланината 3 - 4 минути додека не стане крцкава. Додадете го лукот да омекне, но не повеќе од 1 минута.
Ставете ги топлите, ицедени шпагети во тавата со сланина и лук на тивка температура. Во посебен сад скршете ги двете јајца и додадете го пармезанот или кашкавалот и мешајте ги се додека не се соединат и се изгубат сите грутки и меурчиња кои ги има.
Тргнете го тавчето од оган и додадете ја смесата од јајцата и почнете да промешувате, додадете малку од водата (отприлика 1 или 2 мали чаши) во која се вареа шпагетите за да се разреди смесата, но и да стане кремаста. Ова никако не го правете на оган, бидејќи јајцата кје почнат да се пржат. Зачинете ги шпагетите со бибер и послужете.
Добар апетит!
М. Д. | Црнобело