Рецепт на денот: Маринирани печурки

Овие печурки можете да ги послужите како предјадење, салата или мезе со бело вино. Вкусни се и лесни за подготовка.

recept-na-denot-marinirani-pecurki-01.jpg

Потребни состојки:

  • 120ml маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон или оцет
  • Вегета
  • 400g шампињони
  • 1 лажичка мајчина душица
  • ½ лажичка рузмарин
  • ½ лажичка оригано
  • 1 лажичка коријандер во прав
  • 3 чешниња лук
  • Сол
  • Бибер


Подготовка:

Загрејте го маслото во подлабок сад, потоа додадете ги претходно измиените шампињони.

На шампињоните додадете ги сокот од лимон и другите зачини.

Пржете околу 15-на минути додека шампињоните не омекнат.

Кога шампињоните ќе бидат готови, истурете ги во поголем сад (заедно со маслото) и покријте ги со фолија.

Вака оставете ги барем 2 часа во фрижидер. Сервирајте ги со бело вино, како предјадење или мезе.

Добар апетит!

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд рецепт: Летна мусака со компири и спанаќ Наместо класичната мусака приготвена со месо и компири, направете нешто поинакво...
Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Фенси појадок што ќе им успее и на оние што не ги бива во кујна Како да направите фенси појадок за гостите што сакате да ги импресионирате со св...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg