Фенси појадок што ќе им успее и на оние што не ги бива во кујна
-->
Како да направите фенси појадок за гостите што сакате да ги импресионирате со своите кулинарски вештини? Дури и да не ве бива во кујна, овој рецепт не можете да го згрешите.
Неколку парчиња тортиља, јајца и шунка... или наместо предложените состојки, можете да ставите сирење, неколку типа зеленчук, дури и семиња.
-->
Овој појадок освен што е брз, е и превкусен. Пробајте го....
Потребни состојки:
- 2 тортиљи
- 2-3 јајца
- 1 шака спанаќ или блитва
- ½ домат (или црвена пиперка)
- 50g шунка
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Исечете го тортиљите по должина (нека бидат дебели околу 3-3,5cm).
- Свиткајте го во ролна, па ставете ги во калап за печење мафини кој претходно сте го премачкале со масло или маргарин. Оставете ги да се одвиткаат во калапот (да добијат форма на рози).
- Спанаќот исечкајте го на ситни парченца. На коцки исечкајте ги шунката и доматите (или црвената пиперка).
- Врз тортиљата прво ставете парчиња домат, па шунка, а на крајот спанаќ.
- Јајцата изматете ги со малку сол и бибер, па прелијте ја секоја тортиља.
- Печете околу 10-12 минути на 180 степени (или додека да се испечат јајцата).
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
https://www.instagram.com/p/C4E40yayGMv/
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
-->
-->