3 десерти кои можете да ги направите во шолја за кафе
Кога немате многу време и трпение за филови, калапи и сложени кори, земете ја омилената шолја за кафе. Наполнете ја со некоја од овие смеси и за 10тина минути имате десерт од соништата.
Чоколаден колач
Потребни состојки:
- ¼ шолја брашно
- ¼ шолја шеќер
- ¼ шолја квалитетно какао
- Прстофат сол
- ¼ шолја млеко
- ¼ шолја путер, растопен
- 2 поголеми јајца, лесно изматени
- 1 лажица екстракт од ванила
- ¼ шолја кршено чоколадо по желба
Подготовка:
Во мал сад измешајте го брашното со шеќерот, какаото и солта. Додадете го стопениот путер, млекото, јајцата и ванилата. Мешајте додека не добиете густа смеса. На крај додадете го кршеното чоколадо. Поделете ја содржината во 2 шолји и печете во микробранова 2 минути на висока температура. Декорирајте со уште неколку коцки чоколадо, додека колачот е топол.
Пита од јаболка во чаша
Потребни состојки:
- 1 исечкано и излупено јаболко
- ½ лажица брашно
- 1 лажица путер
- ¼ лажица цимет
- 1 лажица шеќер во прав
- Неколку капки сок од лимон
- 3-4 путер колачиња
- Сладолед или шлаг крем за декорација
Подготовка:
Исечканото јаболко ставете го во шолја, па додајте ги сите состојки освен колачињата и сладоледот или шлаг кремата. Ставете во микробранова 2-3 минути на висока температура. Оставете 30тина секунди да се олади, па потоа искршете ги колачињата на ситни парчиња и прелијте со сладолед или шлаг.
Палачинка во шолја
Потребни состојки:
- 1 лажица путер
- 2 лажици слатка хопла
- 1 јајце
- ½ лажичка прашок за печиво
- Прстофат сол
- ¼ шолја брашно
- Крем, овошје или слатко како додаток
Подготовка:
Стопете го путерот 30 секунди во микробранова. Распоредете го по страните на шолјата. Додадете ги сите состојки и мешајте додека не се соединат, без грутки. Ставете го тестото во микробранова минута до минута и половина на висока температура. Прелијте со крем, слатко или овошје и уживајте.