Како да направите домашен мед од тиква?

Медот од тиква најефикасен е при лечењето на болести на црниот дроб и бубрезите.

Med-od-tikva__melem-za-vashiot-crn-drob-Kako-da-go-napravite-01.jpg

Благодарение на своето лаксативно и диуретско дејство, медот од тиква одлично помага при запек и разни заболувања на дебелото црево. Заради високото ниво на витамини и каротен овој мед е извонреден за зајакнување на имунитетот.

Помага во борбата со зголемен холестерол, артериосклероза, го смалува отокот на срцевата инсуфициенција.


Како да го подготвите медот од тиква?

Потребна ви е една зрела жолта тиква. Отсечете го врвот и извадете ја внатрешноста (семките и влакната). Во добиениот голем отвор ставете шеќер, било каков, по ваша желба.

Ја поклопуваме тиквата со отсечениот врв и ја оставаме десетина дена на ладно место. Најдобро е целата тиква да ја ставите во некоја поголема чинија, бидејќи со тек на време таа ќе омекне и мешањето ќе претставува тешкотија.

За тоа време шеќерот ќе се стопи во сокот што го пушта самата тиква. Штом целото количество шеќер се стопи го тргаме капакот и ја префрлуваме добиената течност во стаклен сад.

Ако случајно капакот фати мувла, не е ништо страшно, во тој случај направете дупка во дното од тиквата , па низ неа префрлете го медот во стаклениот сад.


Чување на медот од тиква:

Најдобро е да се чува во фрижидер во чиста стаклена тегла со капак. Рокот на траење e околу еден месец. За да го сочувате подолго, може да го вриете до згуснување, но во тој случај ќе се изгубат голем дел од корисните состојки.

Како ќе го користите овој мед – тоа е ваш избор. Можете со него: да го засладите чајот, може да го консумирате самостојно по 2 - 3 пати на ден по 2 - 3 супени лажици, како прелив за палачинки, или пак смислете своја варијанта!

Консумирајте го долго, ако ова количество не ви е доволно можете да подготвите и две до три тикви. Доколку не можете и не сакате да го консумирате овој мед направен од шеќер, тогаш содржината на тиквата наполнете ја со чист пчелин мед.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg