Десерт на денот: Домашно Тоблероне готово за 15 минути

Омилените чоколадни триаголници на кои им се радувавте како мали, сега може да ги подготвите и дома.

desert-na-denot-domasno-toblerone-gotovo-za-15-minuti-01.jpg

Ви требаат само 15 минути за да добиете домашно Тоблероне.

Потребни состојки:

  • 250g маргарин
  • 3 јајца
  • 300g шеќер
  • 200g квалитетно чоколадо
  • 2 лажици какао во прав
  • 100g пропржен сусам
  • 100g сечкани кикирики
  • 200g мелени бисквити
  • 100g чоколадо за глазура
  • Неколку капки масло

Подготовка:

Загрејте го маргаринот додека не се стопи, па потоа додадете ги јајцата и шеќерот во него. варете додека шеќерот не се сопи.

Додадете го чоколадото и какаото и добро измешајте. На крај ставете ги кикириките, сусамот и бисквитите.

Една тепсија намачкајте со неколку капки масло или поставете мрсна хартија. Додека смесата е топла прелејте ја во тепсијата.

Почекајте неколку часа да се олади, па ставете го растопеното чоколадо како глазура.

Сечете коцки или триаголници и послужете ги добро оладени.

desert-na-denot-domasno-toblerone-gotovo-za-15-minuti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg