Појадок кој ви ветува добар ден

Добро знаете дека појадок е најважен оброк во денот. Тој може да ви го направи денот поубав, поенергичен и секако добро да ве подготви за престојниот ден.

pojadok-koj-vi-vetuva-dobar-den-01.jpg

Токму затоа, важно е да одберете нешто што ќе ви го направи денот поубав.

Еве неколку предлози:


1. Кремасто овошен појадок во тегла

Немате време дома да појадувате, па тоа го правите на работа? Понесете си здрав оброк во тегла.

Потребни состојки:

  • 8 лажици јогурт
  • 2 лажички мед
  • Малку цимет
  • 3 лажици малини
  • 2 лажички чиа семе

Подготовка:

Сите состојки соединете ги и ставете ги во теглата која ќе ја понесете со себе на работа.

pojadok-koj-vi-vetuva-dobar-den-1.jpg


2. Енергетска бомба

Потребни состојки:

  • 8 лажици јогурт
  • 3 лажички мед
  • 4 суви сливи
  • 2 суви смокви
  • Малку боровници
  • 4 бразилски ореви
  • 1 банана
  • Ореви по желба

Подготовка:

Бананата исечкајте ја, помешајте ги сите состојки и на крајот додадете го јогуртот.

pojadok-koj-vi-vetuva-dobar-den2.jpg


3. Омлет во тегла за 3 минути

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 лажичка сечкана шунка
  • 1 мал сечкан домат
  • 1 лажица сирење
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Премачкајте една шолја со маслиново масло, во неа изматете ги јајцата и додадете ги доматот, сирењето, солта, биберот и шунката. Ставете ги во микробранова на една минута, извадете ги и добро промешајте ги и вратете ги на допекување уште 40 секунди до 1 минута.

Теглата каде ќе го ставите омлетот можете дополнително да ја декорирате со свеж зеленчук по желба.

pojadok-koj-vi-vetuva-dobar-den-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg