Мезе на брзина: Шарен солен ролат

Покрај тоа што е примамлив на око, шарениот ролат е микс од вкусови и ароми кои ќе ги обожавате за појадок, ручек, вечера или за мезе со омилениот пијалак.

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-02.jpg

Се пече само 15 минути, па затоа ви препорачуваме да го пробате уште денес.

Потребни состојки:

За жолта кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 3-4 лажици изрендан кашкавал

За зелена кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици блендиран спанаќ
  • Малку сол

За портокалова кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици ајвар
  • Малку сол

За фил:

  • Крем сирење
  • Тенко исечкана шунка или месо по желба

Подготовка:

Во 3 посебни садови измешајте ги сите состојки само со жолчките од јајцата. Откако ќе ги изматите белките во цврст снег, распоредете го во 3-те садови.

Кога ќе добиете готови смеси, ставете ги во 3 различни кеси и цедете ги низ мало дупче во тава, на хартија за печење. Можете да правите шари по желба.

Печете само 15 минути на 200 степени, не повеќе, затоа што кората ќе ви се исуши и ќе пука кога ќе ја виткате.

Кога кората ќе се испече, веднаш замотајте ја со мрсната хартија на која ја печевте и оставете ја да се олади.

Потоа намачкајте со крем сирење, ставете шунка и повторно замотајте.

Сервирајте го ролатот ладен. Можете да декорирате со павлака и рендан кашкавал.

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-01.jpg

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-03.jpg

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg