Летно освежување: Ладни салати за кога ќе ве мрзи да готвите
Кога едноставно ќе ви биде премногу топло за да го вклучите шпоретот и нема да ви се стои над тенџерето со часови, ви предлагаме да си подготвите една од овие салати.
Медитеранска салата
Состојки:
- 400g орзо (тестенини во облик на ориз)
- 1 мала главица виолетов кромид
- 1 голема пиперка
- 10-20 маслинки
- 200g сирење по вкус
- Маслиново масло
- Сол
Подготовка:
Орзото сварете го како и сите тестенини, процедете и изладете.
Пиперката, кромидот и сирењето исечете ги на коцки, а маслинките на кругови.
Додајте сол и маслиново масло и добро промешајте.
Салата со туна и пченка
Состојки:
- 1 конзерва туна на парчиња
- 1 конзерва пченка (средна големина)
- 7 кисели краставички
- 200g тестенини
- 100g кисела павлака
- ½ кромид
- 1 мала кесичка мајонез
- Сол, зачини
Подготовка:
Во еден сад ставете го мајонезот заедно со павлаката и промешајте. Додадете ги сечканите кисели краставици, туната, исечканиот кромид и на крај пченката.
Потоа додадете ги сварените тестенини и измешајте.
Сурими салата
Состојки:
- 150g сурими стапчиња
- 300g тестенини (по желба, може и без тестенини)
- 2 зелени пиперки
- 1 мал кромид
- 2 домати
- 2 лажици мајонез
- 200g кисела павлака
- 1 лажичка сенф
- Сол
Подготовка:
Сварете ги тестенините и сурими стапчињата. Исцедете ги и изладете ги.
Зеленчукот исечкајте го на крупни коцки и измешајте го со павлаката, мајонезот и сенфот.
Исечете ги сурими стапчињата на 3-4 парчиња и додадете ги во садот со салати. На крај додадете ги и макароните.
Сите салати задолжително оладете ги пред послужување.