Потпечени праски со сладолед од ванила

Ако сте во потрага по десерт кој се спрема брзо, лесно, а притоа создава цела „симфонија“ вкусови и ароми, тогаш дефинитивно треба да ги пробате овие потпечени праски.

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-01.jpg

Од самиот поглед на сликата ќе ви потечат лиги, затоа веруваме дека веднаш ќе го испробате.

Потребен ви е половина час и следниве состојки:

  • 4 праски
  • Путер
  • Мед
  • Сладолед од ванила
  • Бадеми или чоколадо

Подготовка:

Запалете ја рерната на 180 степени. Праските измијте ги, пресечете ги на половина и отстранете ги семките.

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-02.jpg

Ставете ги половинките на една тава за печење, свртени со средината нагоре.

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-03.jpg

На секоја половина ставете коцка путер и прелијте со 1 лажичка мед

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-04.jpg

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-05.jpg

Ставете ги во рерна и печете 20 минути. Путерот треба да е стопен, а медот карамелизиран, така ќе знаете дека се готови.

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-06.jpg

Послужете ги топли со топка сладолед во средината и проросени исечени бадеми или трошки чоколадо.

potpeceni-praski-so-sladoled-od-vanila-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg