Прелив за салата кои ги топи килограмите
Ако се обидувате да ослабете и консумирате големо количество на свежи салати, но сепак никако не можете да се ослободите од вишокот, тогаш пробајте го овој прелив.
Салатите се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално, меѓутоа доколку употребите погрешни зачини или преливи, тие повеќе ќе ви наштетат отколку што ќе ви бидат од корист.
Доколку дневно јадете по три салати дневно и богато ги зачинувате не само со масло и сол, туку додавате сенф, мајонез или некој купечки прелив, бидете сигурни дека тие работи се вашите виновници за вишокот килограми.
За безбедно да уживате во салатите, направете го овој прелив:
Потребни состојки:
- 2 мали изгмечени чешниња лук
- 1 супена лажичка рендан ѓумбир
- 1 сок од свежо исцеден лимон
- ½ чаша маслиново масло
Начин на употреба:
Измешајте ги сите состојки и ќе добиете здрав прелив кој не дебелее. Преливот можете да го чувате во стаклена тегла во ладилник и да го користите секој ден за вашите салати.