Вашиот нов омилен рецепт: Слатки, шарени кифлички

Покрај тоа што ќе ви го привлечат погледот, откако еднаш ќе ги пробате постојано ќе си наоѓате повод по кој ќе ги правите.

vasiot-nov-omilen-recept-slatki-sareni-kiflicki-01.jpg

Можете да ги послужите за појадок, како десерт или лесна ужина за децата, во секоја варијанта се подеднакво вкусни и сочни.

За овие шарени кифлички потребно ви е:

  • 500g брашно
  • 2dl масло
  • 2dl млеко
  • 1 квасец
  • 1 прашок за печиво
  • Малку сол
  • 3 супени лажици какао

Прелив:

  • 2dl вода
  • 400g шеќер

Подготовка:

Сите состојки освен какаото помешајте ги во еден голем пластичен сад. Тестото поделете го на 2 еднакви дела и во едниот додадете го какаото.

Двете добиени теста посебно измесете ги и формирајте правоаголници како да правите ролат. Така направените теста исечете ги на 6 еднакви делови.

Топчињата посебно размесете ги додека не добиете круг од 2-3 сантиметри. Потоа спојте еден бел и еден кафен круг, па нежно преминете преку нив со сукало за да се залепат. Исечете на 12 триаголници.

vasiot-nov-omilen-recept-slatki-sareni-kiflicki-02.jpg

Секој триаголник замотајте го во кифличка. Кифличките печете ги додека не поруменат.

Додека се уште жешки, потопете ги во шербетот кој ќе го направите од 2dl вода и 400g шеќер.

vasiot-nov-omilen-recept-slatki-sareni-kiflicki-03.jpg

По желба, може да изрендате чоколадо или да проросите кокос.

vasiot-nov-omilen-recept-slatki-sareni-kiflicki-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg