Егзотичен прелив за салата од ѓумбир и сусам
Како што времето станува сѐ потопло, така и салатите стануваат наша омилена ужина, предјадење, а неретко и замена за целиот оброк.
Нема ништо поубаво од тоа денот да го завршите со вкусна и освежувачка салата, а кога би го додале и овој прелив, никогаш нема да се заситите од вашиот нов специјалитет.
Овој егзотичен прелив и најобичните состојки ќе ги претвори во вистински деликатес.
Потребни состојки:
- 100ml сончогледово масло
- 3 супени лажици масло од сусам
- 100ml јаболков оцет
- 1-2 супени лажици мед
- 2 супени лажици соја сос
- 2-3 кафени лажици свежо изрендан корен од ѓумбир
- 1-2 супени лажици сусам
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во стаклен сад или тегла која би можела добро да се затвори. Потоа промешајте ги убаво сите состојки додека да се соединат.
Смесата ставете ја во ладилник додека да ја употребите, а пред да ја ставите во салата добро протресете.
Овој сос е одличен бидејќи можете да си го направите дома за брзо време, а веќе следниот ден да си го понесете на работа заедно со свежа салата по ваш вкус.