Јапонски чизкејк од 3 состојки по кој цел свет полуде

Сакате лесен десерт кој лесно се подготвува, а уште полесно се јаде? Подгответе си го јапонскиот чизкејк од само 3 состојки...

japonski-cizkejk-od-3-sostojki-po-koj-cel-svet-polude-01.jpg

Целиот свет полуде по вкусниот јапонски чизкејк, кој се подготвува за 1 час од состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 120g бела чоколада
  • 120g крем сирење

Начин на подготовка:

Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Потоа белките ставете ги во ладилник и загрејте ја рерната на 170 степени. Белата чоколада искршете ја на ситни парчиња и истопете ја во едно тенџерче. Откако ќе се излади, помешајте ја со крем сирењето, а потоа додајте ги жолчките и добро промешајте. Извадете ги белките од ладилникот и добро изматете ги.

Со помош на пластична лажица измешајте ја смесата на белките и смесата со крем сирењето и чоколадото така што да добиете еднаква смеса.

Добиената смеса истурете ја директно во тепсија, која претходно ќе ја подмачкате за да не се залепи смесата. Печете 15 минути на 170 степени, а потоа уште 15 на малку пониска температура околу 150 степени.

Изгаснете ја рерната и оставете го колачот да постои уште 15 минути.

Извадете го, оставете го целосно да се излади, а потоа украсете со шеќер во прав.

japonski-cizkejk-od-3-sostojki-po-koj-cel-svet-polude-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg