Брз оброк: Вкусна салата со врат и сирење
Како што се покачуваат температурите, така нас ни се намалува апетитот на топло, бидејќи едноставно организмот си бара лесна и брза храна која лесно ќе се справи со жешкото.
Ви предлагаме денес за ручек или вечера која сигурно ќе ве засити, да ја подготвите оваа вкусна салата со врат и сирење која ќе биде готова за 15 минути.
Потребни состојки:
- 300 грама свински врат
- 250 грама сусам
- 1 павлака
- 2 кесички мајонез
- 150 грама рендано сирење
- 1 чешне лук
- 2 варени компири
Начин на подготовка:
Сусамот се пржи на тивок оган сè додека не пожолти. Кога ќе се олади му се додава сечканиот врат, ренданото сирење, павлака, мајонез, сечкан лук и убаво се промешува. Варените компири се сечкаат на коцки и се додаваат во мешавината.
На крај по желба зачинувате со магдонос и си уживате со кригла ладно пиво!