Експрес ролат без печење: Банани во кокос
Ако сте во потрага по брз и ладен десерт кој ќе ви се најде во топлите денови, тогаш го најдовте решението - банани во кокос.
Вкусот е егзотичен и незаборавен, па веруваме дека откако еднаш ќе го пробате овој ролат ќе стане вашиот омилен десерт.
Потребни ви се само 10 минути и следниве состојки:
За ролат со средна големина
- 1 банана
- 1 мала хопла за колачи
- 1 пакетче кокос (100g)
Подготовка:
Изматете ја хоплата во шлаг, а по желба може да додадете и шлаг пена во прав. Во шлагот истурете 2/3 од кокосот и мешајте со лажица додека не добиете малку погуста смеса.
Излупете ја бананата, ставете ја на тава со мрсна хартија или пластична фолија и премачкајте ја со смесата од шлаг и кокос.
Преостанатата 1/3 кокос истурете ја врз неа и оставете добро да се излади.
По желба, додадете топено чоколадо одозгора.
Сечете парчиња и послужете после кафе или ручек.