Пробајте: Сочен колач кој брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде
Ако не сте многу по кремастите торти и повеќе ги сакате сочните колачи со шербет, тогаш овој колач ќе сакате да го изедете толку брзо колку што ќе го подготвувате.
Одличен е и за со кафе, но и за намалување на апетитот пред спиење. Наместо обилна вечера, едно парче од овој колач ќе ве засити.
Потребни ви се само неколку состојки, кои најверојатно секогаш ги имате дома.
Потребни состојки:
За тестото
- 4 јајца
- 200 g шеќер
- 200 g путер
- 200 g гриз
- 2 супени лажици брашно
- 1 кисела павлака (250 ml)
- Пола кесичка прашок за печиво
За шербетот
- 500 g шеќер
- 750 ml вода
- 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додадете ги и останатите состојки за тестото и изматете сè со миксер.
Печете во загреана рерна на 180-200 степени, додека колачот не биде испечен, а тоа може да го проверите со чепкалка која не треба да има залепени остатоци од тесто, кога ќе боцнете и ќе ја извадите.
На страна подгответе го шербетот, така што ќе ја зовриете водата со обичниот и ванилиниот шеќер додека не добие златна боја и густина малку поретка од мед. Со шербетот прелијте го испечениот колач и вратете го во рерна уште 5 минути.
На крај исечете го на коцки и послужете го за да уживате во неговиот сочен вкус кој ќе ви се топи во устата.