Десерт на денот: Киндер пингви чоколадни коцки

Домашни Киндер пингви коцки со кои ќе ги израдувате најмладите, а и вие ќе бидете воодушевени со денови.

desert-na-denot-kinder-pingvi-cokoladni-kocki-01.jpg

Откако еднаш ќе го пробате, големи се шансите овој рецепт да ги надмине купечките тортици.

Потребни состојки:

За бисквит

  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици шеќер
  • 6 јајца (одвоено белки и жолчки)
  • 6 лажици жешка вода
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици какао прав

За крем

  • 3 крем сирења (од 70g)
  • 5 лажици шеќер во прав
  • ½ литар слатка павлака за шлаг
  • 1 желатин во прав

За чоколаден крем

  • 100g чоколадо за готвење
  • 50g путер
  • 1 лажица масло
  • 50ml вода

За глазура

  • 100g за готвење
  • 50g путер
  • 1 лажица какао прав


Подготовка:

Жолчките изматете ги со шеќерот и врелата вода додека смесата не стане густа и кремаста. Измешајте го какаото, прашокот за печиво и брашното во посебен сад, а потоа измешајте ги сувите состојки со жолчките. Додавајте лажица по лажица и мешајте со миксер.

На крај изматете ги белките додека не добиете снег, со неколку зрна сол. Додадете го во смесата од жолчки и брашно.

Печете во калап со мрсна хартија на 175 степени околу 40 минути. Изладениот бисквит пресечете го на 2 еднакви дела.

Во меѓувреме направете го кремот.

Желатинот прелијте го со 4 лажици вода и оставете го да нарасне. Измешајте го крем сирењето со шеќер и додајте слатка павлака. Желатинот стоплете го на ниска температура, па потоа додавајте го во смесата од крем сирење.

За чоколадниот крем потребно е чоколадото ситно да го исечкате, а во посебен сад да го загреете путерот со маслото и водата. Кога течноста ќе се соедини, тргнете од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека не се растопи.

Глазурата ќе ја подготвите така што на тивок оган ќе го загреете какаото со путерот додека не добиете еднолична смеса. На крај додадете го чоколадото.

Глазурата правете ја на крај, затоа што треба да е топла кога ќе ја прелиете.


Редење на слоеви:

Првиот дел од испечената кора ставете ја во калапот во кој ја печевте и на неа намачкајте половина од кремот. На кремот ставете го чоколадниот крем и оставете да отстои во фрижидер 15 минути.

Откако ќе се олади, ставете ја и другата половина бел крем, па покријте со втората кора.

Прелијте со топла глазура и оставете го колачот во фрижидер неколку часа.

Потоа сечете коцки и уживајте! Ќе бидете благодарни за секоја потрошена минута....

desert-na-denot-kinder-pingvi-cokoladni-kocki-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg