Оброк кој ќе ви го промени животот: Рецепт за најздравиот појадок на светот

Ако ви е потребен појадок кој го зајакнува имунитетот, кој ќе ве заштити од вируси и инфекции, појадок кој ќе и даде сјај на вашата коса, но и ќе ви помогне да ослабете тогаш запишете си го рецептот кој ќе ви го промени животот...

obrok-koj-kje-vi-go-promeni-zivotot-recept-za-najzdraviot-obrok-na-svet-1

Појадокот е лесен за подготовка и идеален е дури и за оние кои се премногу зафатени со обврски.

Секое утро консумирајте го и резултатите ќе бидат видливи само за неколку дена:

Потребни состојки:

  • 1 јогурт
  • 1 супена лажица јаболков пектин (рецепт во продолжение)
  • 1 супена лажица мед
  • 40-50g сечкани ореви
  • ½ кафена лажица цимет
  • 30 капки прополис
  • 3 супени лажици овесна каша и суво овошје по избор

Што е пектин и како да го подготвите?

Пектин е тип на влакна кои се наоѓаат во билките, а јаболкото содржи високо количество од пектин. Јаболковиот пектин е прехранбено влакно кое се топи во вода и при негово консумирање ни дава чувство на ситост.

obrok-koj-kje-vi-go-promeni-zivotot-recept-za-najzdraviot-obrok-na-svet-2

Рецепт за домашен пектин:

  • 1kg јаболко
  • 2,5dl вода

Јаболката измијте ги и отстранете ја кората, а потоа исечкајте ги на мали парчиња. Во едно тенџерче ставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие водата, ставете ги јаболката и варете 30 минути.

Мешајте додека не се згусне смесата, а потоа прецедете. Добиениот пектин сместете го во стерилизирани тегли.


Начин на подготовка на појадокот:

Пред да си легнете измешајте го јогуртот и јаболковиот пектин и ставете ги во ладилник. Потоа, следното утро додајте ги сите останати состојки и измешајте.

Додека вие се подготвите за работниот ден, оставете ги состојките да постојат на собна температура за овесната каша и јогуртот убаво да се растопат.

Овој појадок нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а откако ќе го пробате споделете со нас како ви се допаднал.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg