Десерт на денот: Чоколадни коцки готови за 15 минути
Ако се зажелевте за неколку чоколадни залчиња, време е да ги испробате коцките со лешници готови за најмногу 15 минути.
Се работи за таканаречено „fudge“ кремасто колаче со вкус на млечна чоколада.
Состојки:
- 4 шолји ситен шеќер
- ½ шолја какао во прав
- ¼ шолја млеко со висока масленост
- ½ шолја путер
- 2 лажици екстракт од ванила
- 1 рака пржени, ситно сечкани лешници
Подготовка:
Подгответе еден помал сад отприлика со димензии 10х10 cm и покријте го со мрсна хартија.
Помешајте го шеќерот со какаото во сад кој може да оди во микробранова, па на крај прелијте го млекото. Додајте ги коцките путер, без ништо да мешате.
Ставете ја смесата 2 минути на највисока температура во микробранова, додека не видите дека путерот е целосно растопен.
Извадете го садот, додајте екстракт од ванила и со миксер измиксирајте со најголема брзина додека не добиете чоколаден крем.
Додадете ги и исечканите лешници, па измешајте. Смесата рамномерно ставете ја во садот со мрсна хартија и замрзнете го колачот 10 минути.
Сечете коцки и уживајте!