Уметност во чинија: Брод од пиперка, куќа од моркови, мече од киви (фото)
Креативните умови гледаат уметност во сè. Дури најобичното нешто знаат да го претворат во ремек-дело. Храната е посебна област во која иако многумина се обидуваат, малкумина знаат да ја препознаат на вистинскиот начин.
За некои, храната е само начин на преживување и прехранување, за други е измачување при подготвување, а за трети е вистинско уживање.
Пиперката за некого е само обичен зеленчук и ништо повеќе, а некој во пиперката може да види цел брод.
Звучи неверојатно, но оној кој има малку креативност и вештина во себе може да воодушеви стотици други, само со една чинија.
Ако сакате на лесен и едноставен начин да направите нешто со кое ќе ги израдувате децата и ќе ги натерате да го јадат дури и она што не го сакаат, тогаш следете го рецептот.
Потребни ви се пиперки, домати, краставици и некоја вкусна кремаста салата, како руската, по ваш избор.
Единствено што треба да направите е да ги исечете на половина пиперките и доматите, краставиците на тенки кратки ленти и средината на пиперките и доматите да ја наполните со кремастата салата. Едрата можат да ви бидат од парчиња пармезан или краставица забодена ан чепкалка.
Нема дете што не би пробало вакво бротче.
Ова се уште неколку идеи кои може да ги направите од овошје и зеленчук, доколку сте малку повешти: