Постпразнично мени: Совршен појадок од варени јајца

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-002.jpg

За време на Велигденските празници голема е веројатноста често да појадувате варени јајца, па затоа добро е да знаете неколку начини на кои може да ги јадете без да ви досадат.

Ова се 6 од тие начини преку кои со јајца може да имате совршен појадок секое утро!


Салата од варени јајца

Исечете неколку варени јајца и салатки, додајте мајонез, маслинки, кари, масло, оцет и некој дополнителен зачин или зеленчук по ваш избор.

Ќе ја имате највкусната салата со варени јајца направена за само пет минути.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-2

 
Сендвич од варени јајца

Доколку ви досади класичниот сендвич, наместо со стандардните состојки, овој пат направете го со исечени варени јајца.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-3

 
Варени јајца како мезе

Исечете неколку варени јајца во чинија и ставете малку маслиново масло, сол и бибер. Јадете ги како мезе со чаша јогурт.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-4

 
Бурито од варени јајца

Наместо класичното бурито со месо, направете свое бурито со варени јајца кои ќе ги измешате со ориз и свеж зеленчук.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-7

 
Варени јајца со сос

Повторно исечете ги варените јајца на половина и наредете ги во чинија. Над јајцата додадете некој омилен сос кој мислите дека одлично ќе се вклопи со вкусот на јајцата.

Доколку немате идеја каков сос да ставите, мајонезот и зачините сигурно ќе завршат работа.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-5

 
Спанаќ со варени јајца

Сварете спанаќ, послужете го во чинија и додадете исечкани варени јајца заедно со неколку салатки. За крај додадете оцет балсамико која одлично ќе се вклопи во вкусот.

od-vareni-jajca-do-sovrsen-dorucek-eve-kako-izgleda-toa-6

Како ги комбинирате вие Велигденските јајца во вашата исхрана?

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg