Здрав и не дебелее: Наједноставниот сладолед на светот
Температурите полека, но сигурно веќе се качуваат, а тоа значи дека можете да се опуштите со овој сладок десерт...
Домашниот сладолед можете да го направите за неколку минути и да уживате во него без грижа на совест, бидејќи за разлика од купечкиот ќе бидете сигурни во состојките.
Потребни состојки за наједноставниот сладолед на светот:
- 3 средни или големи замрзнати банани или 3 супени лажици замрзнато овошје по избор
- ½ супена лажица семки од ванила
- ½ кафена лажица ванила во прав или ½ кафена лажица екстракт од ванила
- ½ рака индиски ореви
- 3,5 чаши вода
Начин на подготовка:
Во блендер изматете ги индиските ореви и водата, а потоа додајте ги состојките со ванила за да добиете течна смеса.
Откако ќе ја добиете смесата, додајте ги смрзнатите банани или овошјето по избор, па матете на најголемата брзина додека не добиете кремава смеса.
Доколку употребувате друго овошје по желба, на почетокот при мешањето на индиските ореви или водата, додајте мед.
Оставете го на неколку часа во ладилникот и вашиот десерт е подготвен.