Чудо од едно јајце: Брз и вкусен колач со ореви
Брз и вкусен десерт кој ќе го направите за неколку минути, а ќе го изедете за неколку секунди. Ова чудо од само едно јајце ќе ви одземе мал дел од времето, но ќе ви го заблажи остатокот од денот.
Потребни состојки за смесата:
- 1 јајце
- 1 лажица шеќер
- 1 шолја мелени ореви
- 1 шолја млеко
- 2 лажици масло
- 1 шолја брашно
- 1 прашак за печиво
- 1 ванилин шеќер
Потребни состојки за кремот:
- 2 пудинзи од ванила
- 6 dcl млеко
- 5 лажици шеќер
- 150g маргарин
Измиксирајте ги ванилиниот шеќер, јајцето и шеќерот, постепено додавајте го млекото и сите останати состојки во смесата и миксирајте додека смесата не се соедини убаво.
На претходно намачкан плех со масло ставете ја целата смеса и оставете да се печe на 180 степени 25 минути.
Откако ќе го извадите од рерна, уште жежок полијте го со 2 децилитри млеко во кое ќе претходно може да додадете малку рум за вкус по желба.
Кремата подгответе ја со пудинзите, млекото и изренданиот маргарин, а потоа ставете ја над веќе оладениот колач.
Вашето чоколадно чудо е готово. По желба изматете шлаг, премачкајте, наросете со чоколадни трошки и уживајте!