Готово за 15 минути, без печење: Шарено чоколадно виножито
Чоколадното виножито е еден од омилените десерти на најмладите, но заради леснотијата со која се прави, од денес ќе биде и вашето омилено колаче.
Овој десерт може да го послужите после ручек, со кафе, за роденден или да го подарите на пријателите кои се љубители на благо.
Потребно ви е:
- 200g чоколадо за секоја боја
- 700ml засладено кондензирано млеко (за торта со 6 бои)
- Неколку капки екстракт од ванила
- Прехранбени бои
Подготовка:
Исечкајте ја белата чоколада, па додајте околу 110ml од засладеното кондензирано млеко.
Кондензираното млеко се купува во сите поголеми маркети спакувано во конзерви или можете да го направите сами по овој рецепт.
Додајте една боја во чоколадото и млекото, малку ванила и добро промешајте.
Еден длабок калап обложете со алуминиумска фолија, па ставете ја чоколадната смеса во него.
Постапката повторувајте ја толку пати колку што сакате колачот да има бои, само почекајте претходниот слој да се стврдне.
Кога ќе завршите, ставете го калапот во фрижидер неколку минути, а потоа извадете го виножитото сосе фолијата.
Внимателно отстранете ја и исечете парчиња или вадете облици со модли.
Крајниот резултат би требало да е ваков: