Рецепт на денот: Италијански полнет кроасан
Вкусен италијански рецепт кој сигурно не сте го пробале до сега. Може да го послужите за појадок, ручек или вечера, а доброто е што полнењето може да го правите по желба и вкус.
За оригиналниот рецепт потребно ви е:
- Готово лиснато тесто
- 15 парчиња тенко сечкан кулен
- 8 парчиња тенко сечкана салама по избор
- Лути или обични пиперки исечкани на прстени
- 15 парчиња тенко сечкан кашкавал
Подготовка:
Додека го правите кроасанот, рерната загрејте ја на највисока температура.
Лиснатото тесто исечете го на 8 парчиња и наредете го на овална тава. Сите парчиња мора да се поклопуваат како на сликата.
Потоа започнете да редите - прво куленот, па саламата, па пиперките и на крајот кашкавалот.
Крајчињата лиснато тесто замотајте ги околу полнењето додека не се спојат со внатрешниот крај.
Обликувајте венец од тесто, а потоа печете го 20тина минути на највисока температура. Готовиот кроасан има златеста површина.
Послужете со кечап, мајонез, кари или тартар сос.
Прсти да излижеш!