3 брзи и слатки рецепти за највкусни пржени лепчиња
Повеќето од нас пржените лепчиња ги асоцираат на детство. Најчесто ги јадеме за појадок, а одлично одат и со јогурт и со млеко.
Овие 3 рецепти се спремаат многу побрзо од што мислевте. Пробајте!
Пржени лепчиња со цимет
Потребно е: 4 парчиња леб, 2 јајца, 2 лажици млеко, 1 лажица цимет, 1 лажица кафеав шеќер
Подготовка: Измешајте ги јајцата, млекото, маслото и циметот. Загрејте ја тавата, а лепчињата потопете ги во смесата. Пржете додека не заруменат од двете страни. Посипете со шеќер и сервирајте ги додека се топли.
Пржени лепчиња со ванила
Потребно е: ¼ шолја брашно, 1 шолја млеко, 3 јајца, малку сол, малку цимет, 1 лажица екстракт од ванила, 1 лажица шеќер, 12 парчиња леб.
Подготовка: Истурете го брашното во голема чинија. Полека додавајте го млекото, ванилата, циметот, солта и шеќерот додека не добиете еднолична смеса. Загрејте ја тавата, потопете го лепчето во смесата и пржете додека лебот не зарумени.
Пржени лепчиња со рум
Потребно е: 12 парчиња леб, 4 јајца, 2 кесички ванилин шеќер, 1 ½ лажица цимет во прав, 1-2 лажици рум, 1-2 лажици мед
Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќер, цимет и рум во една голема чинија. Загрејте ја тавата со масло, а лепчињата потопете ги во смесата. Пржете ги неколку минути, па процедете ги на кујнска салфета. Ставете ги на чинија, полијте ги со мед и послужете. Може да ги служите со џем наместо мед.