Пробајте: Ресани во чаша

Ресаните од детството сега добија нов, поинаков облик. Овој освежувачки десерт е вистинско задоволство кое ќе ве освои со мирисот, а нешто подоцна и со вкусот.

probajte-resani-vo-casa-01.jpg

За 4 чаши од 2 dl потребно ви е:

Подлога

  • 6 лажици бисквити
  • 8 лажици млеко


Крем од портокал

  • 1 портокал
  • 200ml вода
  • 3-4 лажици шеќер
  • 2 лажици густин


Чоколаден прелив

  • 100ml слатка павлака
  • 50g чоколадо за готвење
  • 1 лажица Нутела или било каков крем
  • Малку ореви


Подготовка:

Загрејте ја павлаката, па додајте го чоколадото додека не се растопи. Додајте го кремот и мелените ореви, па измешајте. Оставете го кремот да се олади.

Бисквитите измелете ги или ситно искршете ги, па прелијте ги со млеко.

Портокалот излупете го, па прелијте го со 200ml вода и ставете го во блендер. Направете каша, па ставете ја во тенџере да зоврие со шеќерот. Додајте го густинот и варете неколку минути додека да згусне.

Во една проѕирна чаша ставете лажичка бисквити, па додајте го кремот од портокал. Оставете да се олади неколку минути во фрижидер, па ставете уште половина лажичка бисквити и прелијте со чоколадниот прелив.

Вратете во фрижидер уште неколку минути и послужете.

probajte-resani-vo-casa-02.jpg

probajte-resani-vo-casa-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg