Чоколадна мус торта без печење

Чоколаден рецепт за кој не ви се потребни скапи состојки или многу време, ниту пак ќе треба да се мачите со месење, филување и печење.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-01.jpg

Пробајте ја уште денес, а потоа раскажувајте им ја на пријателите со денови.

Потребни состојки:

  • 300g квалитетно, црно чоколадо за готвење
  • 500g путер
  • 9 јајца
  • Пакетче пишкоти
  • 3-4 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Чоколадото искршете го на парчиња и стопете го. Додадете го путерот, па добро промешајте додека не добиете еднолична смеса.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-02.jpg

Додека е на тивок оган, во чоколадото додавајте по 1 жолчка и добро матете со миксер.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-03.jpg

Откако ќе ги ставите сите 9 јајца, изматете снег од белките и на крај додадете 3-4 лажици шеќер во прав.

Добиениот шлаг полека додавајте го во чоколадната смеса. Така ќе добиете кремаста текстура на кремот.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-04.jpg

Во овален калап или тава распоредете пишкоти. Претходно може да ги потопите во млеко, ако сакате. Не ги заборавајте и рабовите кои исто така треба да се обложени.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-05.jpg

Наполнете го калапот со чоколадната смеса.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-06.jpg

Тортата ставете ја во ладилник фрижидер неколку часа.

Декорирајте со шлаг и овошје по желба и послужете ја додека е студена.

cokoladna-mus-torta-bez-pecenje-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg