Викенд мезе: Солен ролат со шунка и топен кашкавал

Звучи вкусно, нели? Уште повкусно се топат во уста овие солени парчиња ролат со шунка и кашкавал кои се одличен избор за мезе доколку сакате да ги изненадите домашните со нешто крцкаво и вкусно или пак да ги мезнете сами со кригла пиво.

vikend-meze-soleni-parcinja-rolat-so-sunka-i-kaskaaval-1

Нема да ви одземат многу време за подготовка, но верувајте секоја секунда потрошена на нив ќе ви се исплати кога ќе ги пробате.

Потребни состојки:

  • 200 g брашно
  • 25 ml маслиново масло
  • 1 квасец
  • 130 ml вода
  • 1 лажица сол
  • 250 g шунка
  • 100 g кашкавал

Подготовка:

Квасецот потопете го во вода со малку брашно, шеќер и сол и чекајте да нарасне. Потоа додајте го останатото брашно и замесете убаво тесто и оставете го на собна температура повторно да нарасне.

Тестото развлечете со сукало во форма на правоаголник и пропрскајте го со маслиново масло, потоа наредете ја шунката, а над неа кашкавалот кои може да бидат исечени на парчиња или цели, тоа е ваш избор.

Замотајте го тестото во форма на ролат и сечете го на парчиња. Парчињата редете ги во плех покриен со хартија за печење попрскана со маслиново масло.

vikend-meze-soleni-parcinja-rolat-so-sunka-i-kaskaval-2

 Печете ги на 200 степени околу 20 минути, а потоа оставете да се оладат, но не целосно. Сервирајте со пиво и уживајте во викендот!

vikend-meze-soleni-parcinja-rolat-so-sunka-i-kaskaval-3

На здравје!

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg