Брз колач од гриз и Нутела
Популарната и вкусна Нутела може да ја додадете буквално во сè, па така и во овој сочен колач од гриз.
Кога ќе добиете напад за нешто слатко или треба да пречекате гости, а не знаете што да послужите, имаме една чоколадна идеја.
Потребни состојки:
- 200g гриз
- 120ml млеко
- 100g чоколадо за готвење
- 4 лажици Нутела
- 4 лажици шеќер
- 1 портокал
- 2 јајца
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го ги гризот и млекото. Потоа додадете ја Нутелата и промешајте.
На крај исцедете го сокот од портокалот, изрендајте малку кора и додадете во смесата.
Добиената смеса претурете ја во мрсна тепсија на која ќе ставите и брашно.
Колачот печете го на 180 степени 40 минути.
Додека е уште топол може да го прелиете со неколку лажички Нутела или стопено чоколадо, па да наредите ореви или лешници.