Вкусна и посна: Бајадера со кокос
Постот може да биде мачен, но ако ги имате овие бајадери како утеха, работите веднаш стануваат полесни. Затоа, пробајте ги уште денес.
Потребни состојки:
- 1dl вода
- 300g шеќер
- 250g маргарин
- 250g кокос
- 200g мелени ореви
- 200g чоколадо за готвење
Подготовка:
Сварете ги водата и шеќерот 5-6 минути, додека шеќерот не се растопи. Додајте 200g маргарин и постојано мешајте.
Тргнете го тенџерето од рингла, па додајте го кокосот и оревите.
Добро измешајте ја густата смеса и поделете ја на 2 дела. Во еден од нив додајте 100g од чоколадото за готвење и мешајте додека не се стопи.
Во мала правоаголна тава ставете го прво посветлиот дел, па чоколадниот. Израмнете ја бајадерата, па прелијте ја со топено чоколадо и преостанатите 50g маргарин.
Колачот до служењето чувајте го во фрижидер.