Вкусни идеи: Што сè може да направите во калапите за мафини?
Речиси и да нема дом во кој не постои барем еден калап за чоколадни мафини, но истиот се користи многу ретко и само за една намена.
Што ако ви кажеме дека калапот за мафини е најдобрата инвестиција која сте ја направиле во кујната?
Ако за момент ви звучи смешно и претерано, после овие вкусни идеи ќе останете зачудени како до сега не ви текнало.
1. Крофни
Тестото е исто, потребно е само да ги ставите во калапот премачкан со маргарин, наместо да ги пржите во литар масло.
2. Мини порции макарони
Откако ќе ги сварите макроните, ставете по една корпа за мафини во калапите и распоредете ги во нив. Нарендајте кашкавал, сирење, исечкајте саламче, зачинете, прелијте со хопла...
3. Потпечен ориз
Наместо да го служите пилав и бел, ставете го во премачкан калап за мафини и потпечете го. Секогаш можете да зачините по вкус.
4. Мини омлети
Вкусниот омлет овој пат направете го во калапче за мафини и понесете го на работа или спакувајте им го на децата за ужинка.
5. Јајце на око со сланина
Исечете кругови лепче според калапот за мафини, наредете сланина и прелијте едно јајце на око. Вкусот не се опишува!
6. Потпечена овесна каша
Ако ви досади секое утро да имате течен појадок, овој пат овесната каша потпечете ја. Зачинете со цимет и оревчиња.
7. Мини хот дог
Направете солено тесто, претурете го во калап и во средината ставете ¼ исечена виршла. За неколку минути имате вкусен појадок, вечера или мезе.
8. Лазањи
Наместо да ги печете во тава, овој пат потпечете ги како посебни мафини.
9. Шпагети
Сварете ги, замотајте ги во калапот за мафини и прелијте ги со сос по желба.
10. Инстант кафе
Сварете кафе, но овој пат концентрирано. Ставете 10-12 лажици кафе во 3 чаши вода и шеќер по желба. Може да додадете и слатка павлака, па мешавината да ја ставите во калапи и да ја замрзнете. По неколку часа извадете еден замрзнат мафин од кафе, прелијте го со топло млеко и уживајте.
Имате уште некоја идеја?