Рецепт за домашни Орео палачинки
Сите љубители на чоколадните кекси со фил сега имаат можност да уживаат во ново, уште почоколадно задоволство - палачинки со вкус на Орео.
Дечињата ќе ги обожаваат, а и вашите пријатели ќе се израдуваат ако ги послужите после кафето.
Во никој случај нема да го згрешите вкусот, затоа што е лесен за подготовка, дури и ако сте почетници во кујната.
Состојки за 4 порции:
- 500ml млеко
- 8 јајца
- 125g несолен путер
- 2 лажички екстракт од ванила
- 700g брашно
- 1 прашок за печиво
- 125g шеќер
- 150g Орео колачиња
За фил:
Можете да комбинирате матен путер со кокосово брашно или крем по желба.
Подготовка:
Растопете го путерот, па додајте го млекото со јајцата и екстрактот од ванила.
Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печење и шеќерот. Постепено додавајте ги во млекото со јајца и путер и постојано мешајте.
По 5 минути мешање додадете ги ситно искршените или измелените Орео колачиња.
Загрејте малку масло на тавче, ставете од тестото и испечете округли, малку подебели палачинки.
Доволни се 3 минути печење од секоја страна за палачинките да бидат готови.
Врз секоја палачинка ставете фил по желба, украсете со кокос, чоколадо, шлаг или уште искршени Орео кекси.
Уживајте!