Кескул - турски десерт со вкус на Рафаело готов за 15 минути

Брзо се прави, а уште побрзо се јаде. Турски десерт кој неодоливо потсетува на Рафаело топчињата со кокос, a се подготвува многу едноставно.

keskul-turski-desert-so-vkus-na-rafaelo-gotov-za-15-minuti-01.jpg

Состојки:

  • 5dl ладно млеко
  • 40g кокосово брашно
  • 60g брашно
  • 80g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица путер
  • Сечкани ф’стаци, бадеми или лешници за декорација

Подготовка:

Во тенџере со средна големина ставете го млекото, па додајте го кокосот, шеќерот, ванилиниот шеќер и полека истурајте го брашното. Мешајте постојано со дрвена лажица.

Смесата оставете ја да зоврие, но со постојано мешање. На крај додадете го путерот и почекајте да се растопи.

Тргнете од шпорет и додека десертот е уште жежок претурете го во огноотпорни мали садови.

Секој сад покријте го со пластична фолија и оставете го да се олади во фрижидер.

Истурете малку сечкани ф’стаци, бадеми, лешници или збогатете го вкусот со уште малку кокосово брашно.

keskul-turski-desert-so-vkus-na-rafaelo-gotov-za-15-minuti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg