Како да направите Мики Маус палачинки за 1 минута? (видео)

Родителите често имаат проблем да ги натераат децата да јадат, па мора да измислуваат најразлични идеи само за да ги убедат.

kako-da-napravite-miki-maus-palacinki-za-1-minuta-video-01.fw

Иако палачинките се едни од омилените јадења на децата и ретко кој може да ги одбие, сепак, може да се послужите со супер идеја со која уште повеќе ќе го израдувате вашето дете или пријателите.

Потребни состојки:

  • 200 g брашно
  • 300 ml млеко
  • 1 печиво
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица какао


Подготовка:

Сите состојки, освен какаото ставете ги во еден сад и матете со жица за матење, а може и со миксер на помала брзина.

Откако ќе добиете еднолична смеса половина сипете ја во шприц за готвење со поголем отвор, а во втората половина од смесата додадете ја лажицата какао и продолжете да мешате. Штом ја добиете чоколадната смеса, сипете ја во друг шприц за готвење.

На шпоретот ставете тефлонско тавче за палачинки, премачкано со малку масло и со кафеавиот шприц исцртајте го обликот на Мики Маус (главата, ушите, очите и устата), а со белиот шприц пополнете ги празнините.

За помалку од минута палачинката ќе биде готова, а штом ќе ја завртите ќе го видите Мики Маус како од цртаните.

Ниедно дете не може да одолее на ваков појадок:

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg