Шарени чоколадни букети: Не се готови за 5 минути, но вредат за секоја потрошена секунда

Сигурно секогаш кога ќе ги погледнете на некоја забава ви предизвикуваат воодушевување и посакувате да имате барем неколку да си ги каснувате по дома или да може да ги изненадите блиските.

shareni-cokoladni-buketi-ne-se-gotovi-za-5-minuti-no-vredat-za-sekoja-potrosena-sekunda-01

Одлични се како декорација на маса, особено за родендени и коктел забави, но колку што се убави, толку се и вкусни.

Можеби не се од оние рецепти кои ќе бидат готови за 5 минути, но ако ги правите со љубов, крајниот резултат ќе ви вреди за сето поминато време во кујната.

Потребни состојки:

  • 250g маргарин
  • 500g мелени бисквити
  • 150g шеќер во прав
  • 100g лебни трошки
  • 4 јаболка
  • 3 пасирани банани
  • 200g чоколадо за глазура
  • 1 лажица масло

shareni-cokoladni-buketi-ne-se-gotovi-za-5-minuti-no-vredat-za-sekoja-potrosena-sekunda-9.jpg

За украсување:

  • Кокос во боја
  • Бисерчиња за торти
  • Шарени трошки
  • Дрвени или поцврсти пластични стапчиња


Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити.

Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Додавајте ги постепено лебните трошки, за да се згусне смесата. Соединете ја, па ставете ја во ладилник околу половина час за да се стврдне.

Откако ќе ја извадите земајте по малку од неа и правете топчиња како за бомбици. Штом бидат готови топчињата, повторно вратете ги во ладилникот околу 1 час за да ја зацврстат формата.

shareni-cokoladni-buketi-ne-se-gotovi-za-5-minuti-no-vredat-za-sekoja-potrosena-sekunda-11.jpg

На сите топчиња набоцкајте ги стапчињата и едно по едно поливајте ги со претходно стопеното чоколадо и брзо наросувајте со шарениот кокос или трошките, но внимавајте да не ви се исуши чоколадото, бидејќи нема да се задржат украсите на него.

Исто брзо треба да ги редите и бисерчињата, едно по едно.

shareni-cokoladni-buketi-ne-se-gotovi-za-5-minuti-no-vredat-za-sekoja-potrosena-sekunda-12.jpg

Штом ги направите редете ги во мали вазнички или чаши како чоколадни букети.

Нема послатко и поосвежително чоколадно задоволство кое ќе го обожаваат децата, а ќе предизвика воодушевување кај сите гости.

Ние ги направивме и ни излегоа токму вакви. Пробајте ги, па пратете ни фотографија во коментарите!

shareni-cokoladni-buketi-ne-se-gotovi-za-5-minuti-no-vredat-za-sekoja-potrosena-sekunda-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg