Вкусно и лесно: Чизкејк во тегла готов за 10 минути
Иако нема чоколадо ова е еден од омилените десерти на многумина. Постојат разни варијанти со различни додатоци кои може да ги менувате и комбинирате, според вашиот вкус.
Доколку очекувате фино друштво, немате многу време за готвење, а не сакате ниту да зафаќате тавчиња тенџериња само за еден десерт, пробајте го експресниот рецепт за чизкејк во тегли.
Состојки:
- ¼ шолја млеко
- 2 шолји шумско овошје (може и замрзнато)
- 225 g крем сирење
- 1 шолја мелени бисквити
- 1 лажичка мед
- Кора од еден лимон
- Мали теглички (200 ml)
Подготовка:
Измешајте ги медот и крем сирењето, додајте ги изренданата кора лимон и млекото, па повторно измешајте.
Сипете во теглите две лажици од крем сирењето, а потоа додајте 6-7 малини, па на крајот додајте и две лажички мелени бисквити. Повторете ја постапката за да ја наполните тегличката.
Може веднаш да ги послужите и да уживате заедно со пријателите.