Евтин и вкусен рецепт: Од 4 портокали добијте 9 литри сок

Вкусот на овој сок е ист како на оној што го купуваме од продавниците, единствено разликата е во тоа што сокот кој самите ќе си го направите е навистина 100% природен.

evtin-i-vkusen-recept-od-4-portokali-dobijte-9-litri-sok-za-pomalku-od-1-cas-1

Најважно е сѐ да правите според рецептот, а за подготовка на овој сок треба да одвоите околу 1 час.

За подготовка потребно ви е следново:

  • 4 портокали
  • 1 kg шеќер
  • 30 gr лимонска киселина
  • 9l вода

Начин на подготовка:

1. Измијте ги портокалите и прелијте ги со зовриена вода, со цел да ја отстраните горчината од нив, избришете ги и сместете ги во ладилник 1 до 2 часа.

2. Извадете ги од ладилникот, исечкајте ги и сомелете ги на машина за мелење месо.

3. Смесата прелијте ја со 3l вода (филтрирана или зовриена па изладена). Потоа оставете ја смесата да постои 10 минути.

evtin-i-vkusen-recept-od-4-portokali-dobijte-9-litri-sok-za-pomalku-od-1-cas-2

4. Исцедете ја смесата со помош на цедалка.

5. Во процедениот сок додајте 6l вода, шеќер и лимонска киселина. Добро промешајте, додека да се стопи шеќерот, а можете да го оставите и да постои.

6. Истурете го сокот во однапред подготвени шишиња или тегли и вашиот вкусен сок е подготвен за употреба.

Поради тоа што лимонската киселина е природен конзерванс, сокот можете да го чувате во ладилник 10тина дена, а неговата количина можете да ја прилагодите според своите потреби со тоа што ќе ја намалите или зголемите количината на состојките.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg