Домашен тирамису ролат
Омилениот десерт со вкус на кафе во малку поинаков облик. Идеален за после ручек или топлото попладневно кафе.
Состојки:
За кора
- 4 јајца
- Малку сол
- 80g шеќер
- 125g брашно
- ½ лажичка прашок за печиво
- Кесичка ванилин шеќер
За крем
- 150g крем сирење
- 10g какао
- 250g маскарпоне сирење
- 100g шеќер
- 3 лажици инстант кафе
- 300g слатка павлака
Какао во прав и зрна кафе за декорација
Подготовка:
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Одвојте ги белките од жолчките и заматете цврст снег од белките со малку сол.
Во друг сад кремасто изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Одозгора ставете го снегот од белки и промешајте. Додадете го брашното.
Смесата распоредете ја на тава обложена со мрсна хартија и печете 10 минути.
Печената кора ставете ја на крпа обложена со шеќер, одлепете ја хартијата и замотајте го пандишпанот заедно со крпата.
Крем сирењето, маскарпонето, какаото, кафето и шеќерот добро изматете ги. Изматете ја слатката павлака и 2/3 додадете во филот со сирење.
Оладениот бисквит премачкајте го со кремот, па замотајте го како ролат.
По желба декорирајте со преостанатата слатка павлака, посипете какао и зрна кафе.