Идеи за нискокалоричен појадок
За сите оние кои се грижат за својата линија без оглед на тоа дали е време на бикини или топли палта, предлагаме 3 брзи и здрави рецепти кои може да ги испобате уште денес.
Потребни ви се свежи состојки и малку време. Секој оброк е нискокалоричен и слободно можете да го споделите со семејството, пријателите, колегите...
Овошен јогурт
1 шолја цврст јогурт – 120 калории
Половина шолја свежи боровинки – 42 калории
¼ шолја индиски ореви – 86 калории
Омлет со домати
2 големи јајца – 143 калории
8 шери домати – 24 калории
1 парче кромид (по желба) – 6 калории
¼ шолја брокула – 7 калории
2 големи печурки – 5 калории
1 парче безмасно сирење – 106 калории
Витаминско смути
100g цврст јогурт – 60 калории
½ шолја боровинки – 50 калории
½ шолја ананас – 40 калории
1 шолја кељ – 37 калории
1 банана – 74 калории