Без печење: Колач во чаша готов за 10 минути

Овој рецепт ќе им се најде на сите домаќинки кои немаат баш многу време на располагање, а сакаат да се покажат во добро светло пред гостите.

bez-pecenje-kolac-vo-casa-gotov-za-10-minuti-01.jpg

Плус, кога и да ви се пријаде нешто слатко можете за многу кратко време да ја задоволите желбата.

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • 50g мелени ореви
  • 2-3 лажици Несквик
  • 3 кеси шлаг
  • ½ лажичка цимет
  • Чоколадо за готвење, по желба


Подготовка:

Мелените ореви и бисквитите измешајте ги со циметот и Несквикот, па потоа соединете ја смесата со 2 кесички изматен шлаг. На крај додајте го растопеното чоколадо за готвење.

Смесата ставете ја во шолји, па одозгора премачкајте со преостанатата кесичка шлаг.

Прелијте со малку стопено чоколадо и украсете по желба.

Доброто кај овој колач е што можете да ги менувате состојките. Важни се само бисквитите и шлагот, додека оревите, Несквикот и циметот може да ги замените со кокос, мелени бадеми, ф’стаци, бело чоколадо, екстракт од ванила...

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg