Десерт без печење: Колачи во облик на зрна кафе

Кога гледате одредени слатки сигурно си помислувате дека морате да бидете одличен готвач за да ги направите. Секако дека постојат такви колачи, но за овој не ви се потребни премногу вештини.

desert-bez-pecenje-kolaci-vo-oblik-na-zrna-kafe-01.jpg

Колачот во облик на зрна кафе изгледа одлично, а има и уште подобар вкус.

Погледнете што ви е потребно:

  • 250g шеќер
  • 1 чаша вода (0,75dl)
  • 125g путер
  • 100g мелени ореви
  • 100g мелени бисквити
  • 80g чоколадо
  • 1-2 кафени лажички инстант кафе


За филот:

  • 100g чоколада
  • 3 кафени лажички масло


Начин на подготовка:

1. Зовријте едно тенџерче со вода, ставете го шеќерот и варете околу 3-5 минути.

2. Потоа тргнете го тенџерчето од рерната и додајте го путерот, па мешајте додека не се растопи. Веднаш потоа додајте ги мелените ореви и бисквити, па чоколадата и кафето. Мешајте додека сето тоа не се соедини.

3. Кога смесата ќе се олади, обликувајте мали кругови и секој круг во средината притиснете госо чепкалка за заби или стапчиња  да се добие облик на зрно кафе.

brz-desert-kolaci-vo-oblik-na-zrna-kafe-1

4. Подгответе го филот така што ќе ги стопите состојките, па разладете го. Во него со помош на лажица спуштете ги колачињата, па повторно притиснете со чепкалката за заби или стапчињата на истото место и ставете ги на целофан додека да се стегнат.

Послужете ги покрај шолја кафе, никој нема да им одолее...

desert-bez-pecenje-kolaci-vo-oblik-na-zrna-kafe-02.jpg

desert-bez-pecenje-kolaci-vo-oblik-na-zrna-kafe-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg