Песок торта: Не се пече и готова е за 20 минути

Ако немате многу време за печење на кори, матење на филови или не сте баш највешти во подготовката на комплицирани десерти, испробајте го овој рецепт создаден за вас.

pesok-torta-ne-se-pece-i-gotova-e-za-20-minuti-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1l млеко
  • 4 пудинзи од ванила
  • 300g шеќер
  • 250g маргарин
  • 200g мелени бисквити
  • 200g кокосово брашно
  • 200g мелени ореви
  • Шлаг за декорација, по желба


Подготовка:

Сварете ги 4-те пудинзи од ванила, но не според упатството на кесата, туку во 1 литар млеко. пудингот оладете го и во него додадете го маргаринот, кој претходно ќе го изматите неколку минути со шеќерот.

Смесата поделете ја на 3 дела.

Во еден дел додадете го кокосовото брашно, во другиот мелените ореви, а во третиот мелените бисквити.

Во калап за торта ставете го прво филот со бисквити, па со кокос и на крај со ораси.

Тортата декорирајте ја со шлаг по желба и оставете ја да се олади најмалку 1 час.

Пресечете и послужете.

pesok-torta-ne-se-pece-i-gotova-e-za-20-minuti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg